25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Денес е Фуркан утре може да кој било друг, режим никогаш повеќе!

Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг, слободата мора да ја чуваме, режим никогаш повеќе, слободата е наша неотуѓива правдина напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по насилното приведување на новинарот Фуркан Салиу.

Маричиќ порача дека се завршени времињата на заробената држава, дека во последните години е направено значително подобрување во делот на слободата на медиумите.

„Дали сме за заробена држава или држава во која се негуваат граѓанските и медиумските слободи и права? Нашата држава доживеа преобразба од период на ограничувања до ера на слобода. Во 2023 година, Северна Македонија се искачи на 38. место во Глобалниот индекс на „Репортери без граници“, покажувајќи значително подобрување во слободата на медиумите и граѓанските права, во споредба со мрачниот период на заробена држава (2013-2016), кога беше на 123 место“ пишува Маричиќ.

Вицепремиерот потсетува дека од 2013 до 2016 година биле прислушувани над 20.000 граѓани и дека таквиот режим никогаш повеќе нема да се врати.

„Масовните протести и „Шарената револуција“ беа клучни во иницирањето на промените кои следеа, со новата влада која презема значителни мерки за враќање на медиумските и граѓанските слободи. За време на режимот од 2013 до крајот на 2016 година беа згазени граѓанските слободи со незаконско прислушувани повеќе од 20.000 луѓе. Оваа трансформација ја потврдува колективната волја на народот за демократија, покажувајќи дека режимот кој ја потиснува слободата е дел од минатото и дека општеството е единствено кога станува збор за слобода и правда“ пишува Маричиќ на социјалните мрежи.