Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Политичарите кои бараат повлекување на Македонија од Отворен Балкан заговараат ѕидови наместо интеграција

„Политичарите кои бараат повлекување од ‘Отворен Балкан’ заговараат ѕидови наместо итенграција и се противат на економскиот развој и на интересите на македонската, албанската и српската економија“ вели Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални инцијативи, Марјан Забрчанец во изјава за „Локално“.

Тој додава дека политичарите кои најавуваат излегување на Македонија од Отворен Балкан се противат на народната волја и на огромната поддршка од сите категории граѓани за оваа иницијатива.

„Да се биде ‘ЗА’ Отворен Балкан е застанување на страната на народот – 80% од граѓаните ја поддржуваат оваа иницијатива“ дециден е Забрчанец.

Како што објасни тој резултатите од иницијативата се видливи и препознаени од компаниите и граѓаните.

„Се реализира слободниот пристап до пазар на труд со кој нема веќе потреба од работни дозволи за граѓаните на трите земји, на граничните премини функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони, во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување, се реализираа повеќе соработки во областа на туризмот и културата, а имаме и одлична промоција на македонското вино надвор од Македонија благодарение на Отворен Балкан“ вели Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК