Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес со нервозно и безобразно соопштение се исмеја со граѓаните кои се справуваат со дебелината.
„СДС наместо да понудат програма, се занимаваат со броење луѓе по митинзи, па еве нека знаат: Математички четворица собира на 1 м2, или по еден Маричиќ после службен ручек“ стои во безобразното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот речник и начин на комуникација со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ е исмевање со 28,4 отсто од возрасните граѓани на земјава кои живеат со дебелина, според податоците на Институот за јавно здравје.
На ваквото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, реагираа и од СДСМ кои истакнаа дека примитивизмот на опозициската партија говори за нив и нивната режимска матрица.
„Навредите кон секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв вицепремиер само ја покажуваат само нивната нервоза. Нервозни се затоа што немаат поддршка на митинзите, ниту успеаа да соберат потиси за Силјановска. Затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Затоа што немаат план за иднината на државата, немаат понуда пред граѓаните и се против Европската унија“ реагираат од СДСМ.