Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски: Релевантните анкети кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не само што се далеку од 61, туку се и далеку под 51 пратеник

„Ако паметите 10-15 години наназад, Груевски на секои парламентарни избори, а тој беше мераклија секоја година да прави избори, велеше дајте ми 61 пратеник да не ме уценуваат Албанците. Тоа беше грозна манипулација, демек Албанците се закана, но по избори, уште следниот ден правеше коалиција со некоја албанска партија“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево одговарајќи на прашања од публиката.

Тој додаде дека сега е ист случај, кога ВМРО-ДПМНЕ сака на националистичка карта, со националистичка реторика да добијат повеќе пратеници, а после повторно ладно и комотно да влезат во коалиција со некоја албанска партија.

„Во Македонија влада без политички претставници на најголемите етнички заедници не е можна. Или е можна, но опасна“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека ваква реторика користи ВМРО-ДПМНЕ кога работите не им одат во корист.

„Велат дајте ни 61 пратеник за да не не уценуваат Албанците. Јас ви кажувам дека во моментот, според сите релевантни анкети, не само што се далеку од 61, туку се и далеку под 51 пратеник“ рече Пендаровски

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК