Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Ние го имаме Пендаровски, сериозен претседател со јасен правец, а ВМРО-ДПМНЕ ја имаат Силјановска која е бледа копија на Иванов

„Ние го имаме Пендаровски како еден сериозен претседател кој што веќе 5 години е претседател. Имаме јасен правец на државата со него, нема отстапено за ниту еден од принципите за кои сме се залагале сите овие години, и со него сме на сигурно и знаеме што ќе се случува и можее да се надеваме и веруваме на стабилност и европски правец. Од друга страна, ја имаме Силјановска, која се појавуваше со Иванов и се потврди она што јас го велев дека Силјановска е една бледа копија на Иванов,“ рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој посочи дека тоа би била истата политика со поголеми последици. Затоа што, смета Маричиќ и Силјановска и Иванов, тоа е една убаво спакувана демагогија , а потоа се продава како слободарство, а во суштина е еден тежок политички конзерватизам и убаво спакуван национализам, кој не нуди ништо прогресивно.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК