Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Слаб митинг на ДПМНЕ и Силјановска, граѓаните не сакаат изолација туку членство во ЕУ, велат од СДСМ

-Слаб митинг на ДПМНЕ за Гордана Силјановска, опозициската партија не успеа ниту своите членови да ги собере во поголем број, соопшти СДСМ.

„Слабиот митинг покажува дека граѓаните не сакаат изолација, блокади и враќање назад, туку сакаат членство во ЕУ.

Малата посетеност потврди дека Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што беше јасно уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за својата кандидатка.

Граѓаните знаат дека Силјановска е само продолжена рака на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.“ – се вели во соопштението.

Фото: СДСМ

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК