Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Одговорност за скандалот со лажните анкети и системот на злоупотреби на ДПМНЕ мора да има

За скандалот со лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ, а нарачани од штабот на ДПМНЕ мора да има одговорност, соопшти СДСМ.

„Разтокриена е цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности.

Се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари, дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“.

За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски.

Скандалот покажа дека постои спрега помеѓу ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија.

Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.

Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности.

Постојат основани сомневања за систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО СОНЦЕ, ПА НЕВРЕМЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?, порача Кузеска

ДЕСК

Д-р Даниловски: Преминат е Рубиконот. Нема назад.

ДЕСК