18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Бугарската политика направи катастрофална грешка, а нашиве патриоти се солидаризираа и ги поддржаа

„Бугарската политика направи катастрофална грешка со Македонците и кон Македонија. За жал, нашиве патриоти, за да се дограбат до власта, се солидаризираа и ги поддржаа напорите на Бугарија“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Прилеп.

Тој додаде дека мора да направиме се, по извборите, со новиот Парламент и новата влада се деблокира процесот на евроинтеграција, бидејќи сами нема да можеме да ја спречиме белата чума.

„Децата ќе може да останат тука, да просперираат, ако има услови за пристоен и достоинствен живот. Во овој момент, имаме направено голем исчекор од пред 5-10 години и во економијата, но со 650 евра просечна плата, објективно, можностите се лимитирани“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека со пристап до европските фондови ќе се дуплира стандардот на секој македонски граѓанин, а тоа го кажуваат примерите на сите држави кои станале членки.

„Словенија во овој момент е една од две-трите држави која нема иселување, немаат потреба. Затоа што им е убаво со приходите, со инфраструктурата, со селата кои се поубави за живеење и од градовите. Ние можеме да сме како Словенија, но ни треба слога околу битните работи меѓу власта и опозицијата“ рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК