Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ибраим: Се надевам дека како и минатите избори, турската заедница максимално ќе го искористи својот глас

„Следните избори ќе бидат интересни, се надевам дека како и минатите избори, турската заедница максимум ќе го искористи својот глас, бидејќи гледаме дека во турските заедници, излезеноста е над просекот на државата. Демократскиот капацитет се развива кај турската заедница. Ние не сме политичка партија која секогаш би одела победници. Си имаме свои принципи и вредности. Честопати партиите од заедниците ги менуваат страните“ рече Енес Ибраим, претседател на партијата Демократско движење на Турците во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека таквата пракса погрешно се рефлектира, бидејќи партиите на помалите заедници имаат достоинство и свои вредности.

„Коалициите кога се прават во рамки на вредностите, имаат успех. Кога не се прават коалициите во рамки на заеднички идеи, а се прават само за теснопартиски интереси и поединци, немаат успех“, посочи Ибраим.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК