18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ибраим: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ две и пол години ништо не инвестираат во турските средини, граѓаните од турската заедница ги третираат како трета категорија

„Најголем дел од турската заедница немаат доволно инфраструктура. Но, овие седум години се потрудивме да го дадеме максимумот. Особено кога градоначалниците беа од нашата коалиција предводена од СДСМ. Во најголем дел од средините ги отпочнавме проектите. Во штипско, во Карбинци. Кога ги изгубивме локалните избори во 2021 година гледаме дека две и пол години ништо не се инвестира во турските средини. Ни 10 метра асфалт немаат направено и тоа докажува дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги третира граѓаните од трета категорија. Мислам дека тоа не е во ред“ рече Енес Ибраим, претседател на партијата Демократско движење на Турците во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека коалицијата предводена од СДСМ покажала капацитет и разбирање за помалкубројните етнички заедници.

„Има простор за афирмирање на припадниците на помалкубројните заедници. Имаме план и програма за во иднина како би можеле да станеме членка на ЕУ како би можеле да ја подобриме местоположбата на турската заедница“ потенцираше Ибраим.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК