22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петров: Не губиме ништо ако додадеме уште неколку делови од народи во Уставот, а со тоа ги отвораме вратите за членство во ЕУ

„Местото на Македонија е во Европска Унија. Ние ништо не губиме со тоа што неколку националности покрај овие десетина што ги има да влезат во уставот на Македонија. Со тоа, Македонија ниту губи гордост ниту ништо“ рече Андреј Петров, лекар, дерматолог, универзитетски професор и член на СДСМ во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека во Хрватска, Македонците се ставени во Уставот, а ние ги немаме ставено Хрватите.

„Не гледам што губиме од својата големина ако додадеме уште неколку делови од народи, а со тоа си ги отвораме вратите за членство во ЕУ“, рече Петров.

Тој додаде доколку се внесат неколкуте националности во уставот, Државата ќе почне да се придвижува напред.

„Македонија губи ако не стане членка на ЕУ и заради тоа најдено е решение нашите луѓе да бидат достоинствени граѓани на ЕУ. Дали Романците се попаметни од наш што влегле во ЕУ пред нас?“, потенцираше Петров.