19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

МОН креира квалитетни дигитални учебници, учениците интензивно ги користат и постигнуваат подобри резултати

Министерството за образование и наука најостро ги демантира шпекулациите, неточностите и наводите изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ во однос на електронските учебници на нивната прес конференција.

„Интерактивните дигитални учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование, поддржана од Владата и од меѓународните организации, кои што и активно го имаат подржано процесот.
МОН во изминатите 2 години реновираше 100-тина основни училишта, истите ги опреми со ИКТ опрема и интернет поврзливост во секоја училница и за првпат во државата ги дигитализираше учебниците за 4, 5 и 6 одделение на сите наставни јазици. 58,000 ученици, како и нивните родители, секојдневно не само што ги користат истите активно, туку постигнуваат подобри резултати токму поради практичноста и квалитетот на истите.

Разбирливо е ВМРО-ДПМНЕ да реагира на такви резултати, бидејќи нивна цел е да нема резултати од страна на МОН, а тие да се јават како спасители на образованието. Јавноста е сведок како во минатото беа фрлени десетици милиони евра за преводи на книги од светски автори кои што никој не ги чита и ден денес фаќаат прашина во подрумите на многу институции. Јавноста е сведок на Кембриџ програмата, која што остави трајни негативни последици по младите генерации – експеримент кој никогаш не смееше да се случи.

Изработката на интерактивни дигитални учебници ќе продолжи во следните 3 години до целосно спроведување на реформата во основното образование и тоа нема врска со дневна политика, туку е стратешка определба и е дел од системски процес, кој што не треба да се стави под ризик од ниедна одговорна власт. Заради тоа, рамковните спогодби се законска категорија, а ќе се платат само услуги што ќе се извршат по нивното извршување.“ – соопшти МОН.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК