Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Николовски: Во наредните четири години ќе вложиме 200 милиони евра за брани и системи за наводнување

„Во наредните 4 години вложуваме 200 милиони евра, за брани и системи за наводнување, со кој обезбедуваме наводнување, до нови над 21.000 хектари земјоделски површни“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и коносител во ИЕ3, Љупчо Николовски на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека веќе е започнато со проектирање за изграба на системите за наводнување, опфаќајќи цел земјоделски регион од Велес до Гевгелија.

„Ова е најголемиот проект и по површина и по вредност. Опфаќаме наводнување на нови 13.650 хектари земјоделско земјиште, инвестираме 120 милиони евра“ рече Николовски.

Тој додаде дека веќе се испишува и нова успешна ИПАРД 3 приказна, во која за следните четири години се вложуваат 200 милиони евра во иновации, модернизација и развој.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК