13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

iPhone воведува промени: Еве за што се работи

Минатата година, Apple објави дека iMessage ќе го добие протоколот за пораки RCS во 2024 година. Сега имаме малку повеќе информации.

На страницата што се однесува на апликацијата Google Messages, Google објави какви придобивки ќе добијат корисниците од RCS, пишувајќи дека тоа ќе биде од есента 2024 година.

„Apple објави дека ќе го имплементира RCS во есента 2024 година. Кога тоа ќе се случи, сите ќе имаат подобро искуство со пораки“, напиша Google во врска со протоколот RSC на iPhone.

RCS веќе некое време е дел од екосистемот на Android, а корисниците на iPhone го бараат тоа, особено поради застарените протоколи за SMS и MMS кои корисниците на iPhone ги користат за испраќање пораки до други „уреди што не се на Apple“.

Кога RCS ќе пристигне на iPhone, нема да има повеќе проблеми кога некој од iOS ќе испрати порака до некој што има Android, а ќе пристигнат и функции како индикатор за пишување, групни пораки итн.

Најдоброто кај RCS е што не е ограничен на една платформа, а со оглед на тоа што беше најавен за есен, големи се шансите да пристигне во исто време со iOS 18.

Спонзорирано: