Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

На 28.03.2024 во периодот од 12.00 до 19.00 часот на повеќе локации во Струмица и општините Босилово и Василево, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица спроведоа превентивни активности во рамки на кампањите „Стави појас – вози безбедно“ и „Стоп за возењето под дејство на алкохол“.

Активностите беа реализирани во соработка со РСБСП и поддршка на правен субјект од село Радово, струмичко, при што на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Целта на овие активности е да се подигне свеста кај возачите кои управуваат моторни возила, укажувајќи им за обврската од почитување на сообраќајните правила и прописи.

Во активностите се вклучи и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој во текот на вчерашниот ден го посети овој регион.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК