Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Белорусија во домените каде што тоа е возможно.

Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Северна Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +