ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што седум години ја блокираше изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, откако претходно десет години лажеше дека „само што не изградиле“ нов Клинички центар во склоп на комплексот клиники.
За иронијата да биде поголема, пред избори, опозициската партија ветува дека ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје.
Граѓаните се сеќаваат дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче се обидуваше да обезбеди консензус и разговараше со сите политички партии за изградба на клиничкиот центар, но блокадата, како по навика, доаѓаше од ВМРО-ДПМНЕ.
„Верувам дека опозицијата ќе собере и сила и храброст да се придружи кон овој процес, дека можеме на многу конструктивен начин да разговараме. Верувам дека и покрај сите обиди за политизација или за фрлање сомнеж, па и обиди за лична дискредитација преку сомнежи за корупција криминал итн. дека сепак ќе се надминат тие разлики и ќе покажаме сите дека имаме капацитет и волја да се реши ова повеќедецениско прашање во интерес на тоа граѓаните да имаат квалитетна здравствена заштита“ рече Филипче во 2021 година.
Сепак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш застана против проектот, за кој физибилити студијата беше изработена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава и истата е одобрена од Националната Агенција на Австрија.
Во изградбата на Клиничкиот центар планирано беше да бидат вклучени најреномирани европски компании, германската „Вамед” и француската „Буиг констракшн”.