Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Анализите покажуваат стагнација на ВМРО-ДПМНЕ и сериозен раст на СДСМ

„Имаме анализи кои покажуваат стагнација на ВМРО-ДПМНЕ и сериозен раст на СДСМ. Кон овој бран придонесуваат и други помали партии, движења и инцијативи кои одлучно се приклучуваат кон нашата коалиција. Таков е примерот со Движењето Нова република на Ивон Величковски, како и примерот со нашето програмско партнерство со Сојузот на борци“ рече вицепремиерот за евроспки прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Локално“.

Тој додае дека кон обединувањето за европската иднина придонесува и Стево Пендаровски како претседателски кандидат на сите граѓани, без разлика на нивното етничко или социјално потекло.

„За мене борбата за ЕУ е борба за развиена, солидарна, чесна и европска Македонија. Колку повеќе сојузи, коалиции, фронтови за оваа кауза, толку подобро“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека македонските граѓани заслужуваат прогрес, стабилност, мир и спокојство.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК