Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Секоја партија треба да го каже ставот – ќе ги правиме уставните измени или ќе се враќаме назад?

„Од ВМРО-ДПМНЕ слушнавме дека овој парламентарен состав нема да ја има таа можност да ги донесе уставните измени, но еве сега ќе одиме со нов пратенички состав и тука мора отворено секоја политичка партија да го каже своето мислење, својот став и својот план – што правиме со уставните измени, дали ќе се вратиме назад?“ запраша заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека СДСМ во својата програма има посебен дел, токму за европската перспектива и продолжување на истата и дека тие се апсолутно против поништување на договорите со Грција и Бугарија.

„Преспанскиот договор е нешто кое што ни овозможи да ни се отворат вратите кон целата меѓународна заедница. Она што значи уставни измени ние бевме поворници, ја водевме целата таа приказна. Станува збор за почитување на европските вредности и тоа е тоа што ни остана како домашна задача“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК