Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: И во 2020, ВМРО-ДПМНЕ се фалеше со водство на анкетите, но освоивме повеќе мандати и формиравме влада

„Ги следам рејтинзите, како што ги следат и сите кои се засегнати од изборниот резултат. Но, главниот рејтинг и бројка ќе ги имаме на денот на изборите“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека и минатиот пат, во 2020 година, ВМРО-ДПМНЕ зборуавшше дека според анкетите е многу понапред од СДСМ, но реалноста се покажа поинаква и СДСМ освои повеќе мандати и направи влада.

„Денот на изборите ќе биде и главната анкета. Ова што го гледаме сега, не го земаме здраво за готово. Ќе покажеме дека тие анкети не се точни“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК