Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Француска поддршка за Јавното обвинителство

Соработката во областа на меѓународната правна помош, материјалните и кадровските ресурси на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик беа во фокусот на средбата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со амбасадорот на Република Франција во земјава Сирил Бомгартнер и со француската судијка за врски – генерален инспектор за правда за Југоисточна Европа со седиште во Белград Фредерик Дубос.

На средбата беа разменети информации за процесот на дигитализација на Јавното обвинителство, како и за претстојните реформи во рамките Поглавјата 23 и 24 од преговорите со Европската унија.

Амбасадорот Бомгартнер и судијката Дубос понудија поддршка за Јавното обвинителство во рамките на проектите кои Република Франција ги отвора во регионот и кои ќе бидат достапни и за македонските правосудни институции. Дополнително, во областа на меѓународната правна помош, беа разгледани можностите за организација на специфични практични обуки за македонските јавни обвинители при изготвувањето на барањата за меѓународна правна помош и нивно усогласување со стандардите на земјите-членки на ЕУ.

Претходно, во овој контекст, судијката за врски Дубос и аташето за внатрешна безбедност од Амбасадата на Република Франција во Скопје Жан-Пол Диспан остварија средба со претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК