Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тошковски на Матка присуствуваше на обука за спасување на брзи води организирана од УНДП во соработка со грчката амбасада

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на кајакарската патека на диви води на Матка беше присутен на обуката за спасување на брзи води и поплави која е дел од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион во организација на Канцеларијата на УНДП во соработка со грчката амбасада, а со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија.

Самиот проект од аспект на Министерството за внатрешни работи има двослоен ефект, прво заради неспорната корист од стручно оспособување на полициските службеници од САЕ “Тигар“ за постапување во такви специфични кризни околности, а второ заради бенефитот во делот на спасување на човечки животи кој има хумана и благородна димензија.

Благодарност до организаторите за конкретната поддршка и помош изразена во осмислувањето и реализацијата на овој проект, преку кој припадниците на МВР ќе се стекнат со квалитетни знаења и вештини како адекватно да одговорат во превенцијата и спасувањето на животи и материјални добра, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК