Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Нов скандал со брзи кредити ја тресе Македонија: Аплицирале на туѓо име за 17 кредити, финансиски друштва им одобриле дури 11! – Штипјанец ни крив ни должен остана без голема сума на пари!

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Б.К.(54) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавените, во периодот од април 2022 година до март 2023 ги искористиле личните и банкарски податоци на лице од Штип во седум финансиски друштва при аплицирање за 17 онлајн кредити, од кои биле одобрени 11 кредити во вкупен износ од 339.700 денари.

Одобрените парични средства од финансиските друштва биле уплатени на банкарската сметка на оштетениот, по што првопријавената неовластено во повеќе наврати повлекувала парични средства од повеќе банкомати во Штип, со што се стекнала со материјална корист во вкупен износ од 339.700 денари.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК