Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ангелов за својот нов коалиционен партнер: Не е патриотизам ако мафтате со сонцето од Кутлеш, а притоа ништо не правите за својот народ

„Тие цело време зборуваат за патриотизам, но патриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ е фолклорен патриотизам. Не е патриотизам ако вие вашата куќа ја наредите со ѕвездата од Кутлеш. Не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а притоа ништо не правите за својот народ“ рече своевремено Стојанче Ангелов за ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека вистински патриотизам е тоа што го прави Владата предводена од СДСМ, односно економскиот патриотизам.

Сепак, сега Ангелов со неговата партија, Достоинство, влегува во коалиција со тие што ги нарекуваше лажни патриоти кои не прават ништо за својот народ.

Извор: 24info.mk

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК