12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Полиција со најмал рејтинг во 2016, а во времето на Спасовски во топ три институции

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за утринската програма на КЛАН ТВ беше запрашан за концетптот Едно општество за сите и концептот МВР за граѓаните.

„Во 2016та кога дојдовме со тие избори тргнавме со пораката Едно општество за сите. И добро е што таа порака Едно општество за сите од Куманово до Гевгелија секаде се спроведува. Бидејќи јас доаѓам од Куманово и без таа порака во Куманово секогаш сме биле и ќе бидеме едно општество за сите. Живееме и имаме одличен соживот, но добро е што таа порака и во Гевгелија и во Струмица каде што се 99 посто етнички македонци ја прифатија и таа порака функционира”, рече Бојмацалиев, појаснувајќи ги двата концепта Едно општество за сите и МВР за граѓаните.

„Со релаксација на општеството дека сите сме исти и еднакви следствено беше да имаме и втора порака од иснтитуцијата од која јас доаѓам. Таа иснтитуција беше затворена, насочена спрема одредени етнички групи, викаа да ги влечеме за уши, да не спомнуваме и натаму што и како да прават. Во тоа време, јас како дел од кабинетот на министерот Спасовски решивме да излеземе со еден слоган, кој нема да е само декларативно, туку и на терен – МВР за ГРАЃАНИТЕ. Ако ги погледнеме анкетите, во 2016 полицијата со најмал рејтинг и ако погледнеме до декември, истиот министер на таа позиција МВР е во топ три институции, по транспарентност и по доверба кај граѓаните. Тоа е дека концептот МВР за ГРАЃАНИТЕ успешен, граѓаните ја препознаваат полицијата како свој пријател и заштитник, а не полиција која ќе тепа студенти во библиотека или на улица без причина, само да спроведува партиска агенда. Мислам дека во тој процес успеавме и во едно општество за сите и во мвр за граѓаните, за тие два концепта ќе се борам до последниот ден. Затоа што доаѓам од Куманово од МВР, тие ми се два клучни моменти кои мораат да останат би рекол живи, затоа што тој бит во општеството треба да се движи заедно и да се чувстуваме безбедно”, појасни Бојмацалиев.