Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ со победата во локалната власт покажа дека се враќаат кон старата матрица на етнички проблеми и кавги

„ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да покажат на локално ниво, каде добија мнозинство од локалната власт и гелдаме само деградирање и враќање назад во истата матрица на функционирање. Гледаме ситуации во кои излегува на површина тоа што тлеело кај нив – етнички проблеми, кавги и различни проблеми кои ги гледавме до 2016 година“ рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека следниот чекор на владата на СДСМ ќе биде да се направи вистински стандард достоен за граѓаните.

„Во економскиот сегмент се што сме ветиле во 2020 година, во 2024 може да се гордееме дека е направено и повеќе од тоа што е ветено. Во политиката затоа се влегува, да ветиш и исполниш“ рече Битиќи.

Тој додаде дека СДСМ вети просечна плата од 34 илјади, а сега таа е 40 илјади и новото ветување е дека до 2028 година ќе биде 1100 евра.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК