12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Битиќи: Ветивме 34 илјади денари просечна плата, таа е 40 илјади, затоа ветуваме дека до 2028 ќе биде 1100 евра

„Во економскиот сегмент се што сме ветиле во 2020 година, во 2024 може да се гордееме дека е направено и повеќе од тоа што е ветено. Во политиката затоа се влегува, да ветиш и исполниш“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека СДСМ вети просечна плата од 34 илјади, а сега таа е 40 илјади и новото ветување е дека до 2028 година ќе биде 1100 евра.

„Сметам дека не може да има алиби дека ветуваме, ама не исполнуваме. Не, сме ветиле, сме исполниле. Тоа значи дека во 2028 година, реално ќе биде 1100 евра просечната плата и со првата година на влез во ЕУ, таа ќе се искачи на 1300 евра“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ветувањето за минималната плата беше дека ќе биде 20 илјади денари до јули 2024 година, а од март таа е 22.500 денари.

„Надминато е тоа шт ое ветено. И велиме дека минималната плата ќе биде 600 евра до 2028 година“ рече Битиќи.

Спонзорирано: