Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: До 2028, секој пензионер ќе добива 100 евра регрес пред Нова година, минималната пензија ќе е 20, а просечната 30 илајди денари

„Секоја година, според закон има усогласување и зголемување на пензиите. Минималната пензија до 2028 година ќе биде 20 илајди денари, а просечанта ќе биде 30 илјади и секоја година ќе добиваат 100 евра, секој пензионер, како К-15 или регрес. Ова го темелиме на тоа што сме го виделе за системот да не пропадне“ рече вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќ во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека сите покачувања се прават без да се креира дефицит на пензискиот фонд, за разлика од ситуациајта до 2016 година.

„Забораваме, но во 2016 година кога дојдовме, не зборувавме ние, самите зборуваа дека пензискиот фонд е пред крах. Тоа не го направиме ние, нивното владеење 12 години го направи тоа“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК

Одговорноста е твоја најголема добивка

ДЕСК