Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава

На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од с.Шипковица, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва з акои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, соопшти МВР.

Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

2.158 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – По претседателското вето следува нова собраниска расправа

ДЕСК

ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА ИЗБРАНИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – Нови размени за учениците од Западен Балкан

ДЕСК

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК