Банките работата со заштедите на граѓаните и на фирмите и затоа ефикасната наплата од должниците, кои земале банкарски кредити, односно пари на депонентите, е исклучително важно, вели претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Штериева, коментирајќи ги измените на законите за облигациони односи и за извршување. Со измените на двата закона, кои ги застаруваат извршувањата и не дозволуваат каматата да тече откако ќе ја достигне главницата на долгот, Штериева вели дека се внесува дисторзија или нарушување во правниот систем, што беше присутно и во други случаи кога се влијаеше и на други системски решенија чија што основна идеја била функционалност на повеќе сегменти како функционалноста на банкарскиот систем, функционалноста на основите и начинот на функционирање на осигурувањето на депозитите и така натаму, пишува Пари.мк
„Ова што сега се случи, пред се’ го оценувам како дестимулирање на секој чесен плаќач, односно фаворизирање на секој неплаќач, бидејќи практично банките во денешно време ретко може да дојдат во ситуација дека нема да биде даден на извршител долго време, но од друга страна пак ограничување на пресметките е исто така еден непазарен принцип. Така што, ние дадовме претставка, не помина, тоа е тоа. Сметам дека навистина одредени преседани коишто се прават во системот, би требало, без оглед дали станува збор за Фондот за осигурување на депозити, дали зборуваме за ова, сите тие мерки можеби на прва се популистички, и тие се – во својата суштина популистички, но проблемот не е во популизмот“, изјави Штериева во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов.
Целиот прилог погледнете го на Пари.мк