18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јакимовски поднесе кривична пријава откога се најде на црната листа: Нема да попуштам пред оние што грубо се мешаат во изборот на претседател

Кривична пријави поради тоа што се најде на САД на црната листа поднесе Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на Општина Карпош, лидер на ГРОМ и претседателски кандидат на партијата Стевчо Јакимовски до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Јас сум човек со достоинство, со чест. Достоинството на еден човек чини онолку колку што е подготвен да го плати. Јас сум спремен да платам и најцисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраат максимално. Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до ЈО оддел за органиизран криминал и корупција и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“, рече Јакимовски.

На прашањето дека против него веќе постои обвинение и судење кое поради измените на Кривичниот законик се враќа на повторно судење, Јакимовски вели има обвинение, но и има и сведок, кој, како што вели, е подготвен да сведочи за подготовката за неговото апсење, за договорите кои биле вршени на највисоко ниво во државата.

Прашан да посочи кој е Н.Н. сторителот, Јакимовски не сакаше да открие детали, бидејќи, како што вели имало различни неколку групи и рече дека не може да обвини ниедна политичка партија.

Американскиот Стејт Департмент претходно објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.

„Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист“, се истакнува во официјалната изјава на Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.

„Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници“, се истакнува во напишаното.
„Овие ознаки ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“, додадоа од Стејт департментот.