21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Зоран Иванов / Фото: Civilmedia.mk
+МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска нова – прво па машко или прво па утка – извесното, секако, е второво

Антикорупциска нова – прво па машко или прво па утка – извесното, секако, е второво

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Ај што претходната се брукаше во мандатот, ништо не ѝ тргна од рака, ниту еден позначаен предмет не истурка до епилог и притоа сè некој друг, друга некоја институција ѝ беше виновна и наместо со крупни корупциии, почна да се занимава со ситни персонални предмети на свои лични фрустрани пријатели, да се занимава со нивните манипулации, еве и новиве и новата челна, исто како и нејзината предходничка, уште асално и не заседната на својот институционален трон, скокна во празно, се закачи на ЕПП предизборната пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ за НАТО зделката за италијанските хеликоптери на АРМ, божем ќе истражувале корупција а, кажано во една реченица, како воопшто и да не се провериле што тоа ќе истражуваат кога од авион се гледа дека само пуфки продаваат зашто примарно стои фактот дека, на пример, ниту главните тендерски конкуренти на италијанскиот авио производител, исто така афирмираните германска и американска компанија за производство на воени воздухоплови, воопшто ниту се пожалиле на тендерската постапка на АРМ ниту бутур па, оваа нова, ете и таа антикорупциска со нејзината нова претседателка која се залепи за партиски пропаганден памфлет, како да продолжува во насока оваа надежна институција до крај да ја додевалвира па, нека е ова и нај субјективно, доколку со овој, демек капитален „корупцијски“ случај со италијанските, а наши армиски хеликоптери, оваа наша нова антикорупциска сака да се прослави или само свесно, несвесно, сеедно, чучнува во скутот на „новите“, се насетува веќе отсега дека овој нејзин прв јавен услужлив настап, ќе ѝ биде и првото нејзино работно фијаско и тоа, онака речено алегорично во дизајнот народен, ќе биде антикорупциска нова – прво па машко или прво па утка – извесното, секако, е второво.

Извор: Civilmedia.mk