24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Муслиу: Негативните кампањи не привлекуваат гласови и само ја зголемуваат тензијата

Факт е дека ние сме константно во предизборие, ова се случува од 2006 година, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во интервју за Слободен печат запрашан за коментар за актуелната политичка кампања.

,,По мене, темпото е многу подигнато во последниот период, особено од јануари откако се случи изборот на Талат Џафери за премиер, но и со подлебата во лијанса и гледам дека темпото оттогаш се зајакнува, што мислам дека кај нас не фунционира тоа, луѓето брзо ќе се изморат и не мислам дека политиката е толку атрактивна, освен за еден слој од општеството кој е активен партиски, по социјални мрежи. Мислам дека сето тоа е контрапродуктивно” посочи тој.

Муслиу смета дека негативната кампања што се води не може да придонесе за зголемување на бројот на гласови туку може единствено да го мобилизира веќе определеното јадро на гласачи.

,,Негативната кампања веќе неколку години е контрародуктивна, таа не привлекува и не им го променува ставот на луѓето, туку можеби само го зајакнува наративот кај јадрото на поддржувачи. Прво, затоа што како општество ние се имаме намалено, второ затоа што луѓето веќе имаат некој став, независно дали ќе се произнесат или не. Верувам дека негативна кампања е погрешен пристап затоа што само ќе ги зголеми тензиите кај тие што се активно вклучени во процесот” порача Муслиу.