Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во интервју за Слободен печат истакна дека партиите во албанскиот електорат ќе бидат фокусирани на правење што подобар резултат во првиот круг на претседателските избори.
Тој резултат, додава Муслиу ќе биде важен стимул за парламентарните избори на осми мај.
Единствени две партии кои реално имаа територијална распространетост кај Албанците беа ДУИ и Алијанса за Албанците. Алијанса имаше свои функционални структури од Липково до Струга, а ДУИ секако дека тоа го има го има нешто повеќе. Другите партии беа полокализирани и сега после овие избори ќе знаеме каква е територијалната распространетост на АЛијанса која е претставена од Таравари и со тоа ќе имаме некоја слика, некој увид што може да очекуваме во вториот круг односно на парламентарните иозбори и затоа мислам дека албанската опозиција ќе стане уште повеќе агресивна во нападите кон ДУИ” рече Муслиу.
Тој смета дека при седум кандидати теоретски не е невозможно да се случи и Османи или Таравари да влезат во вториот круг на претседателските избори.
,Но, секако целта и на ДУИ и на опозоцијата е во првиокруг г да дојдат до тие бројки што ќе им дадат ветер во грб за парламентарните избори” порача Муслиу.