22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во следниот мандат ќе направам се да има посебна програма Вардар да се врати таму каде што му е местото

„Куманово беше спортски град и имаше исклучително квалитетен кошаркарски тим, се натпреваруваше секогаш во прва Б југословенска лига. Ако ја споредите со лигите во Европа, тогаш е веројатно посилна од европските лиги. Спортската сала на Куманово беше една од најголемите сали на Југославија, јас сепак бев поуспешен во фудбалот. Бев голман. Имаше мој сограѓанин којшто извршува висока функција и на една емисија раскажуваше дека сум добар голман. Тогаш беше популарен мал фудбал. Настапувавме на првенства каде што ретко кој можеше да го победи тој тим“ изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Сител Поткаст.

Тој додаде дека на крајот на денот секој се одлучува со што ќе се занимава, но никогаш спортот не го оставил.

„После операција на колено и дискус хернија, после тие голмански денови најдобар другар ми стана еден од нашите најдобри ортопеди Антонио Гавриловски којшто секогаш знае што да направи кога ќе имам болки. Спортот е важен за мене и ден денес можат да ме видат на кејот на реката Вардар каде што редовно трчам. Често пати знам да одам и во теретана за да се издржи напорот што го носи позицијата. Физичката кондиција влијае и на психичкиот мир на секој човек. Станувам рано станувам околу 5:30 часот и одвојувам време да спортувам 45 минути пред да го започнам работниот ден“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека денес е страствен навивач, навива за Вардар, со оглед дека Куманово нема фудбалски тим.

„Во следниот мандат ќе направам се, да има посебна програма Вардар да се врати таму каде што му е местото, зборувам за фудбалскиот клуб Вардар. Не може бивш првак на Југославија да биде донесен на ова дереџе. Тоа ќе ми биде еден од фокусот“, заклучи Ковачевски.