23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ има јасна визија и план како да станеме членка на ЕУ

СДСМ има многу јасна визија за Северна Македонија како земја членка на ЕУ, имаме многу јасен план како тоа да го направиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

-СДСМ е партијата која обезбеди кандидатски статус за членство во ЕУ, која што обезбеди членство во НАТО и која обезбеди отпочнување на преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Затоа велам, без СДСМ не постои европска Македонија. ЕУ за нас е единствена алтернатива од аспект на тоа што таа значи економски прогрес, обезбедување на економијата, значи социјална правда, и значи унапредување на демократијата. Да не заборавиме дека до 2016 година бевме заробена држава, без слободни медиуми и со комплетно партизирана админситрација која се злоупотребуваше од страна на ДПМНЕ, партија во тоа време на власт. И затоа велам дека она што го направивме нуди доволно аргументи дека во наредните 4 години СДСМ со проевропската влада која ќе ја предводиме ќе обезбеди членство на Македонија во ЕУ., рече Ковачевски.

Од друга страна ВМРО – ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат