Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Народниот херој Наум Наумовски Борче е братучед на мојот дедо

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на поткастот на Сител зборуваше за потеклото на неговото семејство и кажа дека неговиот татко потекнува од Крушево и дека има роднини кои се познати и успешни во своите професии.

Тој исто така кажа дека народниот херој, Наум Наумовски Борче е братучед на неговиот дедо.

„Тоа е големо крушевско смејство. Знаеме да се дружиме и се собираме, веќе четврта генерација. Во семејството има голем број на познати наши сограѓани“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ исто така го откри и потеклото на неговиот прекар „Таче“, кој бил наследен во неговото семјство.

„Мојот дедо е Димитар, кој го викале Таки, но бил мал по раст и станал Таче, нагалено. Од него ми е надимакот и неговиот и на татко ми, семеен надималк е. Тој е од дедо ми, татко ми, јас, а и син ми доаѓа и ми вели ‘излегувам од школо и докторот што ти е пријател ми вели кај си Мали Таче? Што е тоа?’“ рече Ковачевски и додаде дека му кажал дека ќе биде Мали Таче, додека не порасне и стане Таче, а неговиот син ќе стане Мали Таче.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК