„Според зборовите на мојата мајка, „лесно беше да се исчуваат како Димитар и неколку деца“. Како ученик бев секогаш одличен, за тоа сведочат и дневниците во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ и Гимназијата „Гоце Делчев. Секогаш имав одличен однос со сите другари, пријатели и соседи, сум пазарувал бидејќи беше многу блиску до маалото во коешто живеам. Градскиот пазар е се уште таму. Честопати излегувавме во Реклама којашто и денес е една од најдобрите слаткарници. Најдоброто време беше за Велигден, бидејќи за Велигден во Куманово се оди од куќа во куќа и освен јајца се добиваа и нешто пари. Покрај пребројувањето завршувавме во некоја слаткарница или продавница“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Сител Поткаст.
Тој додаде дека кога се преселил од осмата година, не променил училиште и додаде дека во секоја прилика наоѓа време да го посети старото маало.
„Кога станав премиер, соседите реагираа со почит, можам да кажам дека голем дел беа среќни што нивниот сосед станал премиер на Владата. Ниеден сосед се нема јавено за помош, бидејќи сите успеале да го направат тоа што сакале да го направат во животот согласно сите процедури. Помалите сакаат да се сликаат со мене, постарите сакаат да разговараат со мене. Обично ме прашуваат како изгледа еден работен ден, одговорноста и како се справуваш со се што се пишува на социјалните медиуми. Секој пензионер е свесен во каква криза работеше владата којашто јас ја предводев. Ние успеавме во мојот мандат да ги покачиме пензиите за 30%. Ако ја спредите пензијата сега во однос на она што била пред две и пол години и она што било пред 2016 година, пензиите се покачени за 50%. Јас тука велам дека апсолутно ги разбирам и пензионерите и работниците. Во услови на ваква криза секој човек прво мисли на себе, потоа мисли на другите, јас таа привилегија ја немав. Прво мислев на другите, па на семејството. Во тоа време се покачија пензиите и платите, но повторувам дека се уште има пензионери коишто кубурат, има родители коишто легнуваат гладни за да имаат финансиски средства за децата во текот на денот, затоа трендот на качување на платите ќе продолжи. Програмата ќе содржи зголемување и на платите и пензиите“, заклучи Ковачевски.