Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се заканувала дека ќе запали кафич, полицијата дошла по неа

Прилепчанка синоќа била лишена од слобода затоа што се заканувала дека ќе запали угостителски објект, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Околу 22 часот во ОВР Прилеп, прилепчанецот Т.К., на возраст од 61 година, пријавил дека околу 21.30 часот, во неговиот угостителски објект влегла жена и со шише наполнето со запалива течност, прскала по подот и се заканувала оти ќе го запали објектот, појаснуваат од МВР.

Во 22.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 32-годишната прилепчанка, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.

Жената била приведена во полициска станица Прилеп. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК