Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен бегалец од затвор осуден на 15 години казна затвор

Денеска (16.03.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободa Е.Л.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дело по член 236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

Можеби ќе ве интересира

Спасовден 2026: Денот кога народот верува дека молитвите имаат посебна сила

ДЕСК

ВОНРЕДНИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО, НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четиридневна прогноза

ДЕСК

Понеделник е неработен ден

ДЕСК