Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Патот кон Европа е тежок, но тоа е единствената шанса за нов систем и европски стандард

Свесен сум дека патот на Македонија кон Европската Унија е трнлив и тежок но тој е единствената шанса за суштински промени, воспоставување нов систем и европски животен стандард, рече во Охрид, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето промотивен штаб на партијата.

-Јас сум прагматичен човек со долгогодишно искуство во бизнис секторот. Затоа не сакам да се расфрлам со празни ветувања и убаво спакувани фрази. Сакам да зборувам отворено, искрено и конкретно. За да го постигнеме тоа, за да имаме целосно нов систем тој мора да биде изграден по правилата на Европската унија и со нивни надзор. Како премиер на државата најдобро знам какви неправди има и каков напор е потребен за да продолжиме да чекориме по тој пат со исправена глава. Но, на нашата Македонија ѝ е потребно членството во ЕУ. Нам и на нашите млади нѝ е потребно европското семејство. Тоа не значи само дека ќе седиме на иста маса, рамноправно со најразвиените држави во Европа. Тоа значи и поквалитетно здравство, помодерно образование, праведен судски систем, поразвиена економија и подобар квалитет на живот за сите нас кои гордо и исправено живееме и работиме во нашата Македонија, рече Ковачевски.
Знаеме дека во изминатите години направивме и одредени грешки. Точно знаеме и кои се тие грешки. Спремни сме да прифатиме критика, да се менуваме, да се подобриме, додаде Ковачевски.

-Но, да не заборавиме дека за време на владеењето на СДСМ, Македонија стана рамноправна членка на НАТО и започна преговори со ЕУ после 17 години поминати во чекалницата. Ја поставивме визијата за европска иднина на нашата земја и одиме до крај со неа! Нема откажување од иднината! Ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од тој пат. Затоа што тоа е вистинскиот пат кон подобра иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК