Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Надеж за светла иднина со СДСМ или безнадежност со ДПМНЕ, тоа е изборот

Ова не се избори само помеѓу СДСМ и ДПМНЕ, ова се избори помеѓу надежта и безнадежноста, избори помеѓу светла иднина и враќање во мрачното минато, рече претседателот Димитар Ковачевски во Охрид.

-Со глас за СДСМ и за Стево Пендаровски обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите. Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.

Ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од европскиот пат. Затоа што тоа е вистинскиот пат кон подобра иднина, потенцираше Ковачевски.

-За разлика од нас, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ не знаат каде тераат. Се однесуваат како да се без компас. На Македонија не ѝ треба лоша реприза на владеењето на Никола Груевски. Со нив на власт, државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе обвинуваат некои други, дури и самата Европска Унија, рече Ковачевски.

СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада, рече Ковачевски.

-На 8-ми мај ќе прогласиме голема победа, а веќе на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја најавиме новата Влада и ќе продолжиме со нова енергија да работиме за европска иднина на Македонија, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК