Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ, со нив нема надеж за подобро утре

Гордана Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Изминатите четири години, како пратеничка во Собранието, Силјановска покажа дека е за изолација, затвореност и безнадежност, кои се главна карактеристика на Белата палата.

Нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија.

Со Мицкоски и Силјановска нема надеж за подобра иднина, со нив државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел.

Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска.

Затоа ќе излезат на избори и ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат. Едниот избор е СДСМ и Стево Пендаровски за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот избор е ДПМНЕ и Силјановска за изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК