3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

МОН ги исплати студентските стипендии заклучно со месец март

Министерството за образование и наука изврши исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со месец март.

„Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата се надоместува разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат, за 5 месеци.

Информираме и дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за сите студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка која предвидува месечен надомест до 1200 денари за период од 7 месеци.

МОН се грижи за студентите и го унапредува студентскиот стандард. Со редовните исплати на финансиските права, младите добиваат голема поддршка и имаат една грижа помалку во текот на образовниот процес.“ – соопшти Министерство за образование и наука.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

C +

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

C +