Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ ја поздравува американската поддршка за членство во ЕУ

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, поточно наредбата Северна Македонија да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија.

Демократската унија за интеграција оценува дека силното партнерство и мултилатералното сојузништво на Северна Македонија со НАТО и ОБСЕ е заслуга на проевропските политики на актуелната Влада, што е нагласено и во оценките на стратешкиот партнер на Северна Македонија – Соединетите Американски Држави.

Затоа, кампањата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ги отелотворува промените што државата ги спроведе во однос на интеграцијата, додека истата политика ќе продолжи и по изборите на 8-ми мај, кога граѓаните ќе гласаат за остро да ги осудат руските импликации кои веќе се дел и од албанската и од македонската опозиција.

Исто така, токму шефот на дипломатијата Бујар Османи, воедно и кандидат за претседател на државата, како претседавач со ОБСЕ го претвори Скопје во светски центар на политичките случувања.

Инаку, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја повтори изјавата дека „Актуелната влада беше посветена на членството во НАТО и членството во ЕУ, а нашите очекувања се дека Владата што ќе дојде по изборите, ќе биде слична посветена на членството во ЕУ и борбата против корупцијата“.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК