24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

YouTube воведе голема промена: Многумина ќе бидат разочарани

YouTube воведе промени кои нема да ви се допаднат ако сте навикнати да го користите без да се најавите.

Имено, на корисниците кои не се најавени на сметка на Google, или се во инкогнито режим, веќе не им се прикажуваат препорачаните видеа.

Оваа промена значи дека на таквите корисници им се прикажува едноставна почетна страница на YouTube, без никакви видеа или препораки за тоа што да гледаат.
Претходно, дури и во горенаведените случаи, YouTube даваше предлози, но сега корисниците само ја гледаат пораката „Започни“ и „Почнете да гледате видеа за да ни помогнете да изградиме довод што ќе ви се допадне“.

Во неколку тестови спроведени од BleepingComputer, оваа специјализирана страница забележала дека, дури и кога се бара нешто на страницата, не се прикажуваат предлози потоа.

Некои корисници се пожалија на социјалните мрежи дека „премногу агресивните“ тактики на YouTube се користат за да ги принудат да создадат сметка, или ако имаат, да се логираат и нивните активности да се следат на платформата.

Спонзорирано: