Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца мажи од Виничко натепале жени – ја прескокнале оградата, им упаднале во дворот и ги удирале со дрва и цевки

Обвинителството поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки.

„Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и почнале да ги удираат нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство.

Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка за сите осомничени.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК