Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Ова е последното крупно барање кое што Софија може да го бара, се друго може да се договара на билатерално ниво

„Ова е последното крупно барање кое што Софија може да го бара. Се друго може да се договара на билатерално ниво. Во рамки на преговарачката рамка сме се бореле да све биде напишано од збор до збор, за да нема нови неоправдани барања. Во таа рамка пишува „ако Република Северна Македонија ги направи уставните измени, го внесе бугарското малцинство во Уставот, Бугарија е должна да подржи понатамошен тек на преговорите. Јасно се дефинирани темите, прашањата, клатерите. Сите тие прашања, особено врзани со заштита на бугарското малцинство ние немаме проблем да ги одговориме,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21, во врска со брањето на Бугарија да се внесе бугарското малцинство во уставот на нашата држава.

Во врска со историската комисија,и нивните одлуки за тоа дека треба да бидат потврдени од двете влади, Маричиќ реќе дека тоа претставува дополнителна заштита, дека ништо нема да се направи против наша волја.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК