17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Настапуваме со 12 носители тие ќе бидат ударните играчи на парламентарните избори

За тоа до каде е формирањето на пратеничките листи, првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21, одговори дека повторно ќе има 12 носители, и тие 12 носители ќе бидат ударните играчи на парламентарните избори.

„Знаеме за единицата дека е сигурно дека тоа ќе биде претседателот Ковачевски, за останатите се уште разговараме, се уште се дискутира,“рече Маричиќ.

За тоа дали можеби лидерката на ЛДП Зајкова ќе му парира на Ковачевски, тој одговори дека ЛДП ќе биде важен коалиционен партнер за СДСМ на овие избори и дека веќе се разговара на таа тема и дека СДСМ ќе има една силна коалиција со ЛДП, НСДП и со ВМРО-Народна партија, ДОМ и со сите други.

„Очекуваме тој политички блок кој што го предводи СДСМ и до сега во изминативе 8 години да продолжи и сигурен сум дека ЛДП ќе има важна улога, не би коментирал поеднични места бидејќи е неблагодарно и се уште не е решено во смисла на целосните листи, но сигурен сум дека ЛДП ќе биде еден од столбовите на коалицијата,“ порача Маричиќ.

Во однос на тоа дали тој би бил на некоја од добитните позиции,одговори дека месната организација во Карпош 2 и општинската организација го предложила за пратеник и тој ја прифатил кандидатурата, а за понатаму ќе се види во текот на процесот.
Во врска со официјализирање на првите позиции од СДСМ, Маричиќ рече дека, очекува до крајот на овој месец тој процес ќе заврши и до рокот ќе бидат познати истите.