Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите

„Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата при Министерство за култура,“ пишува во објавата на ФБ страната на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска

Во објавата на ФБ пишува и дека инспекторите за култура извршиле вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата. Како и дека, дополнително е извршен и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.

„Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво. Апелирам на поголема совесноста од секој поединец кон културните и историски споменици, во спротивно негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети,“ порачува министерката Костдиновска Стојчевска на ФБ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК